И денес стабилно и топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотраен дожд во планинските подрачја, особено на југозападот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб, претежно северен ветер.Минималните температури ќе се движат од 7 до 16, додека максималните дневни ќер бидат во интервал од 24 до 32 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ремето ќе биде претежно сончево со мала обчаност и максимална дневна температура која ќе достигне до 27 степени целзиусови.

Стабилно и потопло ќе биде во четврток и петок. За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален дожд, а тие во сабота ќе бидат проследени со појава на грмежи претежно во планинските делови.