Хуманитарна забава за Борче Јовановски во Кафе Бар Трговски

Сподели со своите пријатели

Во сабота, 9 декември, со почеток во 21:00 часот, во кафе барот Трговски ќе се оддржи хуманитарна забава, со цел да се соберат средства потребни за лекување на Борче Јовановски. 16 годишниот Борче мора во најскоро време замине на трансплантација на коскена срцевина на клиника во Италија. Сумата која му е потребна се 127700 евра. Семејството не е во состојба да ги овозможи потребните средства па апелира за помош.

Loading...

Влезниците за забавата ќе чинат 100 денари, и сите соберени средства ќе бидат донирани за лекувањето на Борче. За музика задолжени ќе бидат Дадо, Мамли и Симоновски. Покрај ваквите хуманитарни забави, отворени се и телефонски линии за донации, на кои можете да донирате. Броевите за донации се 070 143-103, за корисниците на Телеком и 143-473 за оние кои ја користат мрежата на Оне.ВИП.

Покрај хуманитарната забава во сабота, кафе барот Трговски има одлична програма и за другите денови од продолжениов викенд. Свој настап во четврток ќе има пионерот на електронската музика Мирко Попов, додека петокот е резервиран за None so Twisted и нивните фанки звуци.