Вечерва во Трговски ќе се оддржи хуманитарна забава

Сподели со своите пријатели

Кумановци вечерва уште еднаш ќе можат да ја покажат својата хуманост и да донираат за оние кои имаат потреба, притоа забавувајќи се со одлична музика. Со почеток од 22:00 часот, во барот Трговски ќе се оддржи хуманитарна забава, на која свој настап ќе имаат Даниел Ѓуревски и Иван Петковски.

Loading...

Како едни од поискусните диџеи во градов, Даниел и Иван преферираат различни стилови на музика, кои сепак успееваат да ги вклопат и да креираат една музичка приказна на која публиката никогаш не останала рамнодушна. Сите соберени средства од забавата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.