Хулиган кршеше излог во центарот на градот, веднаш потоа следуваше застрашувачка сцена (видео)

Сподели со своите пријатели

Бебзедносна камера снимила маж во дивеење додека крши излог во сред бел ден. Случаен минувач реагирал, но вандалот не попуштал се додека тоа не му се врати како бумеранг.

На интернет се појави снимката направена во полскиот град Лублинеик, на кој се гледа како маж крши излог во сред бел ден. Случајниот минувач не само што не успеа да го смири, туку доби и ќотек. Кога виде дека овој нема да се смири, се повлече и повика полиција. А на сцената тогаш стапи карма

Насилникок по минутка кршење одлучи да си замине, но во лоша насока. На патот имаше застој и автомобилите чекаа во колона, а вандалот тргна да го претрчува патот без поглед во спротивната лента. Во тој момент налетува автомобил и го удира.

Завршил во болница со непознати повреди, а за уништување на имотот полскиот закон предвидува казна затвор до пет години.

Loading...