Холестеролот е тивкиот убиец

Сподели со своите пријатели

Високото ниво на холестерол отвара пат за болестите на срцето. Можеби го имате, а не сте свесни за тоа. Затоа, наместо да ја ставате главата во песок, направете си контрола.

Општо правило е дека секој над 30-годишна возраст би требало да си го мерат крвниот притисок при секоја посета на лекар, а сите со наполнети 40 години, би требало да имаат превентивен систематски преглед, вели др. Рос Волкер, кардиолог и автор на книгата The Five Stages of Health.

СМРТ ИЛИ ХИТ ЗА ДИЕТАТА: Дали е здраво да се јаде компир?

Loading...

„Ако никогаш не сте си го провериле нивото на холестерол, никој во семејството немал срцев удар пред 60-тата година, никогаш не сте пушеле и не сте дијабетичар, тогаш со 40 години, би требало да ги измерите холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта.

Според др.Волкер, дури и ако имате покачено ниво на холестерол, не треба задолжително да почнете со лекови. Според него, не му треба секому агресивно снижување, особено затоа што статините можат да имаат долгорочни нуспојави. Ако имате 45 години и лекарот сака да ви препише статини, прво измерете го нивото на калциум во коронарните артерии. Ако е ниска или минимална, холестеролот не е проблем.

Овој човек година дена јадел само компир, нема да верувате што му се случило (фото)

Холестеролот, триглицеридите и нивото на шеќер во крвта треба да ги проверите и порано доколку имате ризик од срцеви болести, како висок холестерол, висок крвен притисок, или семејна историја на срцеви болести.
Исхраната и вежбањето можат да го поправат нивото на холестерол и до 20 отсто. Губењето на тежината, ако е потребно, би можело да го подобри вашето здравје за само шест недели.

Др. Волкер на сите им советува пет клулни работи за подобрување на начинот на живот.

Без зависности. Не можете да бидете здрави, а и натаму да пиете, пушите или да земате дроги. Мора квалитетно да спиете, да јадете квалитетна храна и воопшто, да внесувате помалку храна. Треба да вежбате помеѓу три и пет часови  неделно. Обидете се подобро да се справувате со стресот и да бидете среќни. Се покажало дека тие пет нешта го намалуваат ризикот од сите болести во просек помеѓу 60 и 70 отсто.