ХИТЛЕР Е ЖИВ: 128-годишен старец тврди дека е нацистичкиот лидер (видео)

Сподели со своите пријатели

Старец од аргентинскиот град Салта изјавил дека тој всушност е поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер и дека последните 70 години ги минал во криење.

Зборувајќи во интервју со локалните медиуми, натурализиран германски имигрант објаснува дека во Аргентина пристигнал во 1945 година со пасош кој го фалсификувал Гестапо пред крајот на Втората светска војна. Тој од тој момент, наводно, се вика Херман Хунтерберг.

Човекот кој тврди дека е Хитлер вели дека одлучил да го прекине криењето затоа што израелската тајна служба Мосад официјално ја напуштила својата политика на прогон на нацистичките воени злосторници во 2016 година.

Многумина ме обвинуваат за злосторства кои не сум ги направил. Поради тоа морав да поминам повеќе од половина од својот живот криејќи се од Евреите, така да ја одслужив казната. Прикажан сум како лош човек само затоа што ја изгубивме војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата страна на приказната, тоагаш ќе може да се промени начинот на кој ме доживуваат – вели Гунтерберг.

Loading...

 

Историчарите генерално се сложуваат дека Хитлер извршил самоубиство на 30 април 1945 година во Берлин, додека Црвената армија влегувала во германската престолнина. Меѓутоа, некои алтернативни историчари сугерираат дека фирерот можеби избегал во Латинска Америка, како што тоа го направиле тогаш бројни нацисти.

Абел Басти во јули минатата година објавил книга „Хитлер во егзил“ во која изнесува теза дека Хитлер избегал во Аргентина. Таму наводно живеел десет години пред да се пресели во Парагвај, под заштита на диктаторот Алфред Стреснер. Басти тврди дека Хитлер починал на 3 февруари 1971 година.

Секако, малку се оние кои веруваат во приказната на Херман Гунтерберг, вклучувајќи ја и неговата 55-годишна сопруга Ангела Мартинез. Таа смета дека неогвите шокантни тврдења се резултат на деменција. Според нејзините зборови, тој никогаш не го споменал Адолф Хитлер до 2015 година, кога започанл да покажува симптоми на Алцхајмеровата болест. Таа се сомнева дека нејзиниот сопруг бил нацист кој сега има грижа на совест.

Понекогаш би заборавил каде се наоѓа и која сум јас, изгледа како да е во транс. Тогаш започнува да зборува за Евреи и демони, а потоа се враќа во нормала – изјавила Мартинез.