Хејли: Светот гледа што прави Иран

Сподели со своите пријатели

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли изјавила дека светот ќе гледа што прават властите во Техеран во врска со протестите во Иран.

– Иранскиот режим доби порака: светот ќе гледа што правите, рекла Хејли на итната седница на Советот за безбедност во ОН.

Хејли навела дека меѓународната заедница не може да дозволи Иран да ги задуши пораките на демонстрантите, особено преку блокирање на некои социјални мрежи.

Според нејзини зборови, светот треба да аплаудира на храброста на демонстрантите, а САД непоколебливо стојат со оние кои во Иран сакаат слобода.

САД повикваа седница на Советот за безбедност при Обединетите нации за да пружат морална поддршка на протестите. Русија соопшти дека Вашингтон се меша во внатрешните прашања на Иран.

Американската влада ги отфрла наводите за вмешаност во протестите, додека ЦИА одбива да коментира.

При протестот предизвикан од економски проблеми, за кои властите во Техеран ги обвинија САД, загинаа 21 лице.