Харадинај: Не добив одговор за американска виза

loading...

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не добил одговор на барањето за американска виза кое неговиот кабинет го пдонел, но напоменува дека е повикан на Молитвениот појадок.

– Мојот кабинет поднесе барање за виза. Има повеќе настани таму ан кои сакам да одам. Одоговр не добив, рекол Харадинај, пренесува РТК.

Koсовскиот премиер вели дека на Молитвениот појардок е повикан и дека кога ќе добие виза ќе отпатува.

Американците не го сакаат Харадинај на нивна територија

Косовската влада повторно вчеравечер ги отврли наводите на медиумите дека за Рамуш Харадинај е одбиено барањето за американска виза, а неговиот шеф на кабинетот вели дека доцна аплицирале за истата.

– Ние сме виновни, доцна аплициравме за виза. Да беше повикот од повисоко ниво, би добиле виза истиот ден. Но, премиерот немаше таков повик, рекол шефот на кабинетот на Харадинај, Авни Арифи.

Претходно портпаролот на Националната гарда во Ајова, полковник Грег Хепгуд рече за „Радио Слободна Европа“ дека Харадинај ја откажал посетата на таа сојузна држава, затоа што не му била издаена виза од САД.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments