Харадинај: Ќе го повикаме и ФБИ во истрагата ако биде потребно

Сподели со своите пријатели

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги осуди обидите политички да се искористи случајот со убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ кое се случи во Митровица.

Зборувајќи по состанокот за Национална безбедност, Харадинај рекол дека тој злочин е резултат на незаконското влијание кое на северот го имаат странските агенти.

Тој вели дека ако биде потребно во истрагата на помош ќе биде повикано и Федаралното биро за истражување (ФБИ).

– Косовската полиција има добри врски со многу ирганизации и ако биде потребно ќе го повикаме ФБИ, рекол Харадинај.

Лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ на Косово, Оливер Ивановиќ не го преживеа атентатот кој врз него беше извршен вчера.

Нападот се случил пред неговата канцеларија.