ХАОС ВО КИЕВ: Демонстранти упаднаа во Центарот за култура (фото)

Сподели со своите пријатели

Илјадници приврзаници на Михаил Саакашвили, поранешен грузиски претседател и сегашен украински опозиционер, повторно излегоа на улиците во Киев.

Како пренесуваат руските медиуми, демонстрантите се обиделе да го заземат Центарот за култура.

Околу 2.000 луѓе марширале по улиците во Киев, повикувале на импичмент на претседателот на Украина Петра Порошенко.

На протестот учествувал и самиот Саакашвили кој рекол дека нема да прави никакви договори со Порошенко и дека со него ќе разговара само за неговата оставка.

Поранешниот претседател на Грузија и гувернер на Одеса ги повика подржувачите да влезат во Меѓународниот центар за култура и уметност, позната како „Октомвриска палата“.

Припадниците на полицијата го блокираа влезот, а потоа дојде и до конфликт со демонстрантите.

 

Loading...

 

Демонстрантите ги скршија влезните врата, а полицијата употреби и солзавец и апарати за гаснење пожар за да го спречи собирањето, но како пишува РИА, тоа не ги спречило демонстрантите да влезат во зградата.

Повеќе од 30 полицајци се повредени, соопшти украинското МВР, а повредени се и демонстранти.

Раша тудеј наведува дека демонстрантите набргу ја напуштиле зградата откако Саакашвили им наредил да се вратат на Плоштадот на независноста. Рекол дека во „Октомвриската палата“ во тој момент се одржувал концерт и сакал „невини луѓе да останат неповредени“.

Полицијата започнала истрага против оние кои влегле во Центарот за култура, а одредени украински службеници велат дека тоа е чин на тероризам, додека демонстрантите сепак тој акт го нарекуваат провокација.

 

 

Саакашвили бил претседател на Револуцијата на розите во Грузија во 2003 година, кога добива и меѓународни признанија за антикорупциски реформи. Меѓутоа, набегу неговата слава се намали поради обвинение за корупција и војна против Абјазија и Јужна Осетија.

Потоа избега од Грузија во Украина, каде Порошенко му даде државјанство и го постава за гувернер на Одеса во 2015 година.

Меѓутоа, неговите односи со Порошенко набргу се распаѓаат по што украинскиот претседател го обвинува за корупција, поради што му е одземено државјанството.

Саакашвили се враќа во Уракина, каде сега ја предводи опозициската партија Движењето на новите сили.

Украинските слубжи го обвинуваат Саакашвили дека примил финансиска помош од група наводно поврзана со поранешниот претседател Виктор Јануковиќ.

Приврзаниците на Саакашвили неколку пати во текот на месецов го спречија неговото приведување судирајќи се со полицијата. Сепак е придведен на 8 декември, но ослободен неколку дена подоцна.