Хаос на границата со Грција – ситуацијата тензична, а повредени се неколку полицајци

Сподели со своите пријатели

Како што пренесуваат ТВ Телма и дописничката за Ал Џазира Балканс, 18 полицајци се повредени на македонско-грчката граница откако бегалците започнаа со камења да маваат по македонските безбедносни служби.

Loading...

Двајца полицајци имаат потешки повреди во пределот на главата, додека еден има потрес на мозокот, јавува ТВ Телма.

Демолирани се возила, скршени се штитови на полицијата и на армијата од страна на мигрантите кои денеска во 13 и 30 часот на граничната линија кота 59 на границата со Грција ја нападнаа полицијата и армијата.

Мигрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и од грчка да навлезат на македонска територија и тогаш дошло до судирот каде дожд од камења беше фрлен врз полицијата и армијата.

Инаку од утринава полицијата и армијата започнаа поставување на жичана ограда на македонско-грчката граница појачувајќи ги безбедносните мерки, додека грчката полиција само немо со прекрстени раце ги набљудува инцидентите на граничниот премин.