Гугл со мала промена ја отежна кражбата на фотографии

Сподели со своите пријатели

Гугл од својот пребарувач за фотографии ја отстрани опцијата „view image“, поради што на луѓето сега ќе им биде потешко директно да ги сочувуваат фотографиите со авторски права.

Некогаш директниот линк кон верзијата на одредена фотографија во висока резолуција, „view image“ копчето претставуваше голема грижа за фотографите, издавачите и сајтовите со фотографии кои наплатуваа затоа што им дозволуваше на луѓето да добиваат фотографии во висока резолуција без потребата да го посетат оргиналниот сајт на кој таа се наоѓа.

Loading...

Сепак, и натаму ќе може да се посети изворот на фотографијта со помош на преостанатото „Visit“ копче, но во Гугл се надеваат дека на овој начин ќе ги намалат шансите луѓето да ги крадат фотографиите кои се заштитени со автоски права, гледањето фотографии во рогинален контекст би требало да биде црвено знаменце за сите кои сакаат да ја „позајмат“.

Оваа мала, но прилични важна промена доаѓа во момент кога компанијата Гугл воспостави партнерство со „Getty“ и доби право да ги користи нивните фотографии за своите производи и сервиси.

Leave a Reply