Група мигранти илегално влегле во Македонија, однесени во ТЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 08,30 часот полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Сопот на околу 300 метри до граничната линија во близина на Ашански пат, забележале илегален влез на група мигранти од Република Србија во Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се работи за едно лице од Сомалија, четири лица од Иран и шест лица од Сирија, кои што изјавиле дека одредено време престојувале во Република Србија. Лицата се донесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.