Груевски: Насилството не е решение

Сподели со своите пријатели

По вечерашните случувања во Собранието на Република Македонија, кога беа нападнати и четворица пратеници од СДСМ и коалицијата, искршена опрема на новинарските екипи, со реакција се јави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој иако пратеник во македонското собрание не беше во салата кога се случија инцидентите.

Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДС и оние кои сакаат да ја втурнат државата во уште подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на овие антидржвани постапки на СДС преку правни и политички демократски средства – стои во Фејсбук статусот на Груевски.

Loading...