ГРОМ ќе избира нов лидер на партијата (видео)

Сподели со своите пријатели

ГРОМ денеска на прес конференција најави два големи партиски настани, а тоа се организација на Форум на жени, како и Собрание на партијата на кое ќе се избира ново раководство.

Првиот нстан ќе се случи на 15 јануари во Скопје кога ќе се одржи Оснивачкото Собрание на Форумот на жени на ГРОМ со што ГРОМ во многу ќе го подигне нивото на својата организиска поставеност и ќе ја зголеми организациската моќ и капацитет на партијата. Вториот голем политички настан ќе се случи на 29 јануари, исто така во Скопје, кога ќе се оджи второто Собрание на ГРОМ. На ова Собрание ГРОМ ќе изврши анализа на своето работење во изминатите три години од своето постоење, ќе ги определи правците на своето делување во наредниот период, а ќе бидат изберени и највисоките партиски тела и органи како што се Централниот и надзорен одбор, а секако и избор на лидер, односно претседател на ГРОМ – рече на прес конференција Емилија Арсиќ од ОО Гром Куманово.

Арсиќ на сите граѓани од христијанска веросповед во името на партијата го честиташе Божиќ и најави дека ГРОМ будно ги следи сите актулни случувања во државата и Општина Куманово и за сите активности ќе се произнесе наскоро.