Грифин Раме и Роберт Абрамовиќ се странските засилувања на КК Куманово (видео)

loading...

Американецот Грифин Раме и Словенецот Роберт Абрамовиќ се странските кошаркари кои претстојната сезона ќе го носат дресот на Кошаркарскиот клуб Куманово.

Информацијата дека овие двајца кошаркари веќе ставиле потпис на договорите за Кумановски Муабети ја потврдија и од управата на клубот.

Дваесет и седумгодишниот Грифин Раме, висок 190 сантиметри, минатата сезона играше во дресот на Тирана каде во просек реализираше 11,2 поени на натпревар. Доаѓа на плејмејкерската позиција, а во својата кариера има настпаувано и за косовскиот Башкими и црногорскиот Стршљен.

Дваесет и осумгодишниот Словенец, Роберт Абрамовиќ од косовскиот Пеќ оваа година ќе се пресели во Куманово. Висок е 185 сантиметри, а во изминатата сезона во просек реализираше по 15,4 поени од натпревар. Во својата кариера има настапувано и за Кожув од Гевгелија, како и Костинг од Словенија.

Претходно клубот ги обнови договорите со репрезентативците Марјан Јанески и Димитар Караџовски, штипјанецот Никола Караколев, а во ростерот се враќа и Александар Штерјов. На клупата како тренер застанува кумановецот Игор Михајловски, а активни преговори се водат за уште едно ново име во клубот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments