Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре со почеток во 12.00 часот ќе започне спроведувањето на граѓанската акција „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро!“ во Куманово на Плоштад „Нова Југославија” наспроти Космо Тинекс.

Тимовите на активисти ќе бидат присутни на повеќе локации низ градот, ќе дискутираат со жителите на Куманово и ќе им обезбедат бесплатна копија од весникот.

Акцијата има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.

Акцијата се спроведува на цела територија на Република Македонија, а нејзини носители се: Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква” – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” –  Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Патокази – Гевгелија, Визио – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес, КХАМ – Делчево, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности и Младински образовен форум.