Граѓаните во „Гоце Делчев“ активно се вклучија во акцијата „Моето маало“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Граѓани од населбата „Гоце Делчев“ заедно со членовите на Општинската организација на СДСМ од Куманово и јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ денес зедоа активно учество во акцијата „Моето маало“ која има за цел да го уреди просторот пред зградите во оваа населба.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”419″]

 

Граѓаните ќе добијат клупи, бекатонска патека и фонтана, а ќе беа засадени и 20 дрвца од видот јасен, кои ќе го разубавуваат овој дел од градот.

Како што истакна Мартин Костовски, претседател на Општинската организација на СДСМ од Куманово, во наредниот период ќе продолжат вакви акции и во другите месни заедници во градот.

Следниот викенд сме присутни во Средорек каде исто така ќе ставиме една фонтана со клупи и ќе го оплемениме просторот со дрвја кои ќе бидат една целина. Оваа акција е спроведена од страна на средства на членови на СДСМ, односно од Општинскиот изборен штаб и како што кажав во иднина ќе продолжиме во обем и габарит на нашите средства да бидеме присутни како доброволна, еколошка акција која ќе придонесе за убавина на една урбана заедница – изјави Костовски.

 

Голема заслуга за овој проект имаат и членовите на граѓанското здружение „Кумановски акцијаши“ кои неуморно помагаа во акцијата.

Ние упативме повик до сите политички партии во општина Куманово да креираат мали или големи еколошки проекти со намера да земат активно учество во заштитата и унапредувањето на животната средина. За среќа прва реакација од тој повик има сдсм организира една таква акција колку слушнав има најави уште. Конкретно ние кумановски акцијаши по нашиот повик рековме дека ќе бидеме учесници на секоја акција од која било политичка партија – изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцјиаши“.

 

Како што истакна градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, ова не е развојна програма, туку поддршка за една граѓанска иницијатива и воедно упати апел граѓаните да ги одржуваат овие површини кои ќе бидат уредени.

Овде се работи за иницијатива на здруженија на политички партии и невладини организации кои општината ги подржува, јас денеска сум во својство на штабот. Мислам дека се надоврзува на нашата развојна програма овдека имаме направено инфраструктурни објекти кои ги поврзџуваме со разубувување на зелени површини – изјави Дамјановски.

Loading...

 

Инаку оваа акција ќе продолжи веќе следниот викенд и тоа во населбата Средорек.