Градоначалникот Димитриевски денеска пеш дојде на своето работно место (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денска пеш пристигна до своето работно место, како што вели да даде пример до граѓаните еден дел од неделата да заборават на своите моторни возила, со цел да се допринесе за намалување на загаденоста на воздухот во градот и државата.

– Зимски услови се голема загаденост, генерален проблем во државата, ја користам оваа прилика со овој сопствен пример, петок одење пешки на работа, некористење на службено возило се со единствена цел да апелирам до сите наши сограѓани, да се обидат барем еден ден во неделата да не го користат своето моторно возило и да дадеме личен допринос во делот на незагадување или помало загадување на животната средина, изјави градоначалникот Димитриевски.

 

Loading...

 

Димитриевски потенцираше дека сите граѓани со фотографии, видео и било какви информации можат да ги пријават загадувачите до општинските инспекциски служби за животна средина преку електронска пошта на [email protected].

Воедно потенцираше дека од следната недела ќе отпочне нулта толенрација за узурпација на тротоарите, кои се искучително за движење на пешаците.

– Апелирам до несовесните граѓани кои што ги узурпираат јавните прометни површини со сопствените возила т.е. ги паркираат своите возила на тротоарите кои се исклучиво наменети за движење на пешаците да ги ослободат истите, бидејќи општина Куманово веќе од почетокот на следната недела ќе воведе нулта толеранција кон ваквата категорија на граѓани кои што не ги почитуваат правилата и законите во сообраќајот се со единствена цел да им дадеме можност на пешаците да се движат на тротоарите. Имаме генерален проблем во Куманово, тротоарите се узурпирани од возила, грешката е во самите возачи и во нашето несовесно однесување како учесници во сообраќајот, рече Димитриевски.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски се заблагодари на инспекциските служби, на вработените во МВР и ЈП „Куманово паркинг“ за успешно спроведената акција во изминатите 10 дена за расчистување на јавните паркиралишта во градот, а воедно најави дека од Град Скопје е побарано дополнително пајак возило кое треба да допринесе за расчистување на сообраќајниот хаос.

 

Loading...