Градежни работи ќе го блокираат сообраќајот на ”Ленинова”

Сподели со своите пријатели

Во врска со имплементација на ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ги информира граѓаните дека од 20.10.2017г. ќе се започне со градежни работи на дел од ул.„Ленинова“, поточно делот од ул.„Димитар Влахов“ кој продолжува покрај и зад семајните станбени згради.

Loading...

За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на спометаниве локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел да се изведат што е можно побрзо градежните зафати.

Воедно ги молиме граѓаните за соработка од нивна страна и отстранување на своите возила заради обезбедување на непреченост во изведување на градежните работи, информираат од Општина Куманово.