Google отстрани над 300 апликации од Play Store

Сподели со своите пријатели

Google во соработка со компаниите кои се занимаваат со безбедноста на интернетот пронашол стотици маициозни апликации на Play Store.

По пронаоѓањето на толку голем број вирусни апликации, компанијата Google ги блокирала истите да не можат да се преземаат. Сепак, оние кои ги инстариле би требало да ги избришат.

Апликациите на прв поглед изгледале целосно легално и спаѓале во разни категории, а ги имало над 300. Истражувачите велат дека преку 70 илјади уреди биле инфицирани.

Апликациите би можеле да крадат податоци од телефоните, но и да вршат напади и кога не се во употреба или телефонот е заклучен, па да го соборат системот.

Тие објаснуваат дека не сите заразени апликации се однесувале исто, па апелираат да не се преземаат сомнителни апликации кои ги спамираат корисниците со реклами.