Google нуди награда за сите што ќе го хакираат Play Store

Сподели со своите пријатели

Google понуди на истражувачите на безбедносните пропусти награда од илјада американски долари доколку успешно ја хакираат апликацијата Play Store и успеат да ги поправат грешките.

Програмите за награди на хакерите се популарни кај големите компании затоа што ги мотивираат да пронајдат ранливост на софтверот и да ги откријат со параметри за да би можеле да бидат поправени, наместо да ги користат сајбер криминалци.

Запознајте го Google Home Mini (видео)

Loading...

Вниманието е насочено на безбдносната апликација откако Google пушти во продажба нови паметни телефони Pixel 2 и Pixel 2 XL. Компанијата претходно беше критикувана поради лошата безбедност на Play Store.

По истражувањата кои ги направила компанијата Check Point соопштила дека детектирала 50 малвери во апликациите кои биле преземани 4,2 милиони пати пред да бидат избришани. Малверите не влијаат само на Play Store; туку и на начинот на кој се стартува оперативниот систем Android.

Google и HTC во зделка вредна милијарда долари

Android за разлика од софтверот на Apple iOЅ, има поголем пазар, па се смета дека тоа би можело да биде една од причините за незаштитеноста.

Google потпишал договор за награди со голема платформа за откривање на багови HackerOne со која досега имаат соработувано Tinder, Snapchat, Dropbox.

Google стартувал и проект за наградување на хакерите кои ќе откријат ранливости во Google Chrome: За поправка на овој интернет пребарувач се нудат 100.000 долари.