Голем мултимедијален хепенинг на „Караванот на слободата“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дебата, изложби, поезија и работилници ќе го збогатат големиот мултимедијален хепенинг на „Караванот на слободата“  во Куманово во петок на 2 септември.

Денес ќе бидеме во кумановскиот регион, липковско, кратовско и во Крива Паланка. Ова е претходница на големиот мултимедијален настан кој ќе се слушува утре во Куманово. Ќе почнеме на пладне со ди џеј сетови, работилници, ќе имаме отворена работилница ликовна и изложба во живо „БОите на слободата“ која ќе се случува веднаш до главната сцена која ќе биде поставена тука на плоштадот, од 18:30 дебата во Комитетот на темата „Македонија со или без слобода“ – вели Петрит Сарачини.

На големата сцена на Градскиот плоштад, кумановчани ќе уживаат во звуците на музиката на слободата отсвирена од Пеце „Суперхикс“, „Бла Бла Бла…“, Тони Зен и Шутка Рома рап.

Целта на караванот е да ги охрабри граѓаните што поактивно да учествуваат во процесите на донесување одлуки на локално и на национално ниво. Сакаме граѓаните да бидат што послободни, пто поартикулирани и погласни и да го бараме тоа што ни припаѓа – додаде Сарачини.

Покрај многу музика, настанот ќе биде збогатен со „Стихови на слободата“, ликовна работилница и изложба со заеднички наслов „Слобода во боја, дебата и видео проекции.

Стихови на слободата ќе читаат поетите Елена Пренџова, Бјондина Шерифи, Марија Јовановска, Арсим Јонузи и Митко Гогов.

Уметничката работилница ќе ја предводи академскиот сликар Мирослав Стојановиќ и уметниците Магдалена Саздовска, Валентина Илијевска и Дали Алили.