Го тужела бившиот маж за недостаток на секс и добила отштета

Сподели со своите пријатели

На еден 51 годишен французин судот му наредил на својата 47 годишна сопруга да и плати 13.700 долари отштета бидејќи го тужела за недостаток на секс во бракот.

Жената го тужела својот сопруг врз основа на членот 215 од граѓанскиот законик во кој стои дека сексот мора да биде дел од брачниот живот.

Барањето за развод таа го поднела пред две години со објаснување дека сопругот воопшто не е активен во кревет.

Судијата во Ница го потврдил разводот и го прогласил Жан-Луис за виновен за распадот на бракот. Набрзо по разводот, жената повторно се обратила на суд и барала да и се исплатат 10.000 оштета за 21 година лош секс во бракот.

Обвинетиот сопруг се бранел со умор и болест и тврдел дека поради таквата состојба не можел да ги задоволи нејзините потреби.

Судијата пресудил во корист на сопругата со објаснување дека сексуалните врски ја изразуваат привлечноста и љубовта еден кон друг, а во овој случај тоа не се случило. „Со стапувањето во брак двете страни се согласуваат дека ќе делат сè во животот, што имплицира дека ќе имаат и секс“ – објаснил судијата.

(turlitava.com)