Го нарекуваат ѓавол поради големите раце: Му забраниле да оди на училиште – ги плашел другите деца (видео)

Сподели со своите пријатели

Дванаесетгодишниот Тарик од Индија има џиновски раце поради кои одење на училиште во округот му е забрането, а децата и другарите го избегнуваат.

Според зборовите на неговорот семејство, тој не може ниту сам да се облече, а селаните го нарекле ѓавол затоа што веруваат дека неговите огромни раце се последица на клетва, пишува „Мирор“.

Уште од раѓање имаше големи раце. Меѓутоа, како растеше, така и тие стануваа поголеми. Додека татко му беше жив често го носеше на лекар во обид да му помогне. За жал, неговиот татко почина и сега има само мајка и брат, па не може да оди на никакви третмани – изјавила неговата тетка Пушпа.

Постариот брат на Тарик, Харјан му помага и тврди дека му го олеснува секојдневните и прави работи кои оваа момче не може да ги направи само.

Многу е тешко Тарик сам да направи одредени двневни обврски како туширање, облекување или јадење – вели Харгјан.

Loading...

Лекарите се уште не го идентификувале пореметувањето од кое боледува оваа младо момче. За жал, тој секојдневно доживува малтретирање од страна на соседите и пријателите, а исто така не е посакуван ниту на училиште.

Имав пријатели во почетокот, но сега немам никого. Луѓето се плашат од моите раце. Сакав да одам на учииште, но ме одбија – вели Тарик.

На училиште им рекледека не може да го прифатат Тарик за ученик поради неговите џиновски раце кои ги плашат другите деца.

Семејството на Тарик нема пари за лекување и не може да му приушти да замине во добра болница каде неговата состојба можеби би можела да се доведе во ред.

https://youtu.be/4e-Es79M0SY