Го изгубила вереничкиот прстен пред 13 години: Го пронашле на морков изваден од земјата (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Една Канаџанка која го изгубила својот веренички прстен пред 13 години, додека работела во бавчата на семејната фарма, повторно го ставила на рака, откако нејзината снаа ја пронашла на морковот кој го извлекла од земја.

Мери Гремс (84) не можела да поверува дека среќниот морков растел низ и околу дијамантскиот прстен за кој таа престанала да се надева дека ќе го пронајде. Вели дека никогаш не му кажала на својот сопруг Нормал дека го загубила прстенот, но рекла на својот син. Мажот во меѓувреме, пред пет години починал.

Се уште ми е неверојатно како морковот растел низ прстенот, среќна сум и чувствувам олеснување – рекла Мери.

Loading...

 

Нејзината снаа Колин Дејли го пронашла прстенот додека вадела моркови од земјата на фармата во Алберта, Канада, каде Мери Грамс некогаш живеела. Фармата на оваа семејство припаѓа веќе 105 години.

Според зборовите на Колин Дејли, кога го извлекла морковот забележала дека на него има нешто чудно. Замалку со него не го нахранила кучето, но сепак одлучила да го сочува и го ставила во корпа со останатите. Дури кога го миела зеленчукот забележала прстен и го покажала на својот маж.

Мајката ми не можеше да поверува кога ја викнавме да и кажеме што пронајдовме – вели синот на Мери Гремс.

 

Таа едвај чекала повторно да го стави прстенот на рака после толку години. Го измила прстенот со малку сапуин и ја исчистила земјата.

Се смеевме и кикотевме. После толку години ми беше таман – вели Мери Гремс.