Го барала струмичката полиција, а на Табановце се појавил со 39 сомнителни пакувања

Сподели со своите пријатели

Во сабота окоолу 21.00 часот на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија при пасошка контрола на патници во автобус утврдено е дека патникот М.Ѓ. (44) од Струмица евидира со мерка „задржи, извести, претреси и контролирај“ од СВР Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Наведената служба е известена и истата се произнела лицето да се задржи. По добиената инструкција за постапување, полициски службеници констатирале дека М.Ѓ. го напуштил автобусот и просторот на граничниот премин, односно не бил меѓу останатите патници кои биле покрај автобусот, каде царинските службеници им вршеле преглед на личниот багаж.

Во два куфера, за кои никој од патниците не се изјаснил дека е сопственик, покрај облеката пронајдено е, во едниот 17, а во другиот 22 поголеми вакумирани пакувања со непозната растителна материја. За настанот се известени СВКПС на МВР и на Царината. Увид е извршен од екипи од СВР Куманово.

По превземените мерки за пронаоѓање на М.Ѓ., истиот во 03,00 часот е пронајден на околу 5 км од ГП Табановце во близина на бензинска пумпа и е лишен од слобода. Се работи на целосно расветлување и документирање на настанот.