Ѓорчев: Куманово е заборавено од СДСМ

Сподели со своите пријатели

Катастрофална состојба имаме во Македонија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој вели дека ниту растат платите, ниту растат пензиите, туку само се затвораат уметници, полициски и собраниски службеници.

Ѓорчев денеска од Куманово рече дека градот целосно е заборавен од централната власт на СДСМ и дека нема најава за ниту еден проект, а како што потенцира, времето минува и граѓаните се се повеќе разочарани.

– Економијата апсолутно се влошува на ниво на Македонија, Куманово, но и Крива Паланка каде што сега бев и ми рекоа дека „Веибо груп“, некаде од 500, 600, 700 вработени, бројката сега е околу стотина исто така во фабриката за кондури има страшно намалување во Македонија нема ниту една инвестиција. Имаме ситуација каде во еден ден државата се задолжува 500 милиони евра, тоа е 250 евра по човек, 250 по човек е 1.000 евра задолжување од Нова година до сега по семејство, значи секое семејство кое што ја слуша оваа изјава, секое семејство во Македнија кое има четири члена од Нова година до сега е задолжено за 60.000 денари, тоа се огромни средства, изјави Влатко Ѓорчев.

Запрашан за одлуката на претседателот Иванов да стави вето за Законот за јазиците, Ѓорчев вели дека тоа е издржана реакција и се надева дека СДСМ ќе има слух за реакциите на граѓаните.

Граѓаните, па и оние кои ги гласаа кои велат не гласавме за ова, гласавме за поголеми плати и пензии, за живот за сите како што тие велеа, вработување од секоја куќа, а сега одеднаш тие ветувања не важат туку имаме ситуација каде работите во државата одат таму кај што не треба. Разочарувањето кое што го гледам е секојдневно големо, дури и луѓе кои гласале за СДСМ и пред година дена имале големи очекувања, сега ги шират рамениците и едноставно со секој ден тој револт се зголемува, рече Ѓорчев.

Како што додава Ѓорчев неправдата за притворените сопартијци секојдневно е се поголема, но од оваа темнина, како што вели, ќе изгрее новото сонце на слободата.