Ги исполнува вашите садо-мазо фантазии, а воедно и слабеете (видео)

Сподели со своите пријатели

Домина од Австралија успеала да ги спои љубовта кон фитнесот и садо-мазо фантазиите.

– Поголемиот дел од стандардните вежби кои можете да ги пробате на кружните тренинзи ги прилагодив со садо мазо елементи, вели фитнес инструкторката Ана од Сиднеј која часовите ги држи во својата куќа од 2012 година, пишува „Дејли мејл“.

Нејзините клиенти се различни, од ИТ техничари кои сакаат да носат пелени за возрасни, транвестити и многу други.

Завршил во болница и ја тужел сопругата поради садо-мазо акција

Loading...

Ана своите клиенти безмилосно ги бичува додека напорно вежбаат, им врзува стеги за гениталиите додека прават чучњеви и им става штипалки за брадавиците додека вежбаат на справите за кајакарење.

Реј, оженет инжинер и татко на две деца, двапати неделно доаѓа да вежба кај Ана. Вели дека сега има повеќе самодоверба и подобра слика за самиот себе.

– Секако тоа сексуално ме возбудува, но физичко всушност е многу напорно. Се чувствуваш како да си надвор од своето тело, како да лебдиш. Не чувствуваш болка како би ја чувствувал во нормални околности, вели Реј.

Ник е програмер кој на трензинсите кај Ана носи пелени и се однесува како дете. Вели дека тоа што Ана е строга и нејзината дисциплина му помогнале да ги оствари своите цели.

Чудни секс играчки и помагала достапни во Амстердам (фото)

– Сфатив дека сакам да го поправам својот изглед, да имам мускули и да изгледам секси, рекол Ник и додава дека му пораснала и самодовербата.

– Никој не може да ме критикува за она што го правам. Никој не може повеќе да ме повреди отколку што самиот тоа си го правев во минатото. Но, сега се прифатив самиот себе онаков каков што сум, рекол тој.

Освен луѓето со фетиши, Ана тренира и со нормални клиенти, кои ја ценат нејзината дисциплина.

– Драго ми е да видам дека луѓето добро си поминуваат и притоа работат на своето тело, рекла Ана чиј бизнис цути.

https://youtu.be/rz5RN3kUP0s