Германците најавуваат библиски поплави: Водата ќе убие 156 милиони луѓе

Сподели со своите пријатели

Научниците од германскиот Институт за истражување на климатските промени во Постдам, објавија предупредување дека поплавите во следните 25 години ќе бидат се почести и се покатастрофални. Институтот предупредува дека на удар на поплавите ќе се најдат и пустините.

Се наведува дека „библиските поплави“ најмногу ќе страдаат жителите на Азиај, САД и Централна Европа.

Бројто ан поплавите и нивните сили ќе се зголемат што веќе полека и се случува – поради се повеќе погубниот ефект на стаклена градина, забрзаното топење на ледниците и подигање на нивото на морето и океаните.

Германските научници се категорични: „Температурата на земјината површина се повеќе ќе се зголемат во текот на следните 20.30 години. Тоа ќе услови промени во структурата на врнежите и се поголемиот ризик од поплави во целиот свет.

Теоретичарите со нова теорија за крајот на светот

Loading...

Според нивното истражувањ еи проценти, „специјална заштита“ од поплавите ќе биде потребна на обемни територии во внатрешноста на САД, во Централна Европа, североисточна и западна Африка, како и големите делови на Индија и Индонезија.

Германските научници објавиле 10 хидролошки и пет глобални климатски модели за блиската иднина.

Пресметале дека до 2040. година од поплавите ќе страдаат најмалку 156 милиони жители на Азија, 12 милиони во Јужна Америка и 25 милиони во Африка.

Во Европа во најголема опасност ќе бидат Германија, Полска, Шведска и други земји околу Балтичкото море.

Постдамскиот институт проценува дека апокалипсата може да се избегне, но дека веќе сега да се избегне крајот ан светот во втората половина на 21. век – мора да се преземат барем некакви мреки утврдени со Парискиот климатски споразум.