Гатузо задоволен од одбраната на Милан

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо смета дека резултатите што ги постигнува тимот во последниот период се плод на подобрената игра во одбраната.

– Тоа е нешто на кое напорно работевме и успеавме да го подигнеме нивото. Можам да кажам дека се подобруваме постепено и сум среќен поради тоа. Сега одбраната ни е поцврста, посигурни сме со топка и тоа дава резултат. За да дојдеме до тука работевме напорно и така треба да продолжиме, изјави Гатузо.

Милан синоќа го победи Лудогорец без примен гол (1:0) и се пласира во осминафиналето од Лига Европа.

– Задоволен сум од пласманот во следната фаза и покрај минималната победа, но важно е и да се нагласи дека нашиот гол го зачувавме. Сега се фокусираме на првенствениот дуел со Рома, истакна предводникот на Милан. /МИА

Leave a Reply