Фролов: Ако Иран го нападне Израел, Москва ќе биде на израелска страна

Сподели со своите пријатели

Доколку Иран го нападне Израел, Русија ќе застане на изарелска страна, изјави рускиот заменик амбасадот во Тел Авив, Леноид Фролов.

– Во случај на агресија врз Израел, нема само САД да застанат на израелска страна, туку и Русија ќе биде на страната на Израел, изјави Фролов за весникот „Тајмс оф Израел“.

Тој нагласи дека многу Руси живеат во Израел, кој е „пријателска нација“ на Русија, за затоа Москва „нема да дозволи никаква агресија врз Израел“.

Изјавата на Фролов доаѓа во време на дополнително зголемени тензии во односите меѓу Израел и Иран по инцидентот од 10 февруари, кога беше соборен израелски воен авион, кој се враќал по извршен воздушен напад врз ирански позиции во Сирија. Минатата недела пак израелската армија урна ирански дрон, која над територијата на Израел долетал од Сирија.

Во врска со инцидентот со дронот, Фролов изрази резерви кон тврдењето дека зад уапдот стои Иран, предлагајќи им на израелските разузнавачки агенции да воспостават контакт со сириските колеги.

– Ние го поддржуваме израелското право на самодбрана и акциите на израелските пилоти се целосно легални, изјави рускиот дипломат, изразувајќи при тоа жалење поради соборувањето на израелскиот авион, при што беа ранети двајацата пилоти.

Иако Русија е сојузник на Иран во поддршката на Владата на сирискиот претседател Башар ел Асад, Фролов оцени дека барањето на Израел да не му се дозволи на Техеран да воспостави силно воено присуство во Сирија е „апсолутно легитимно“.

Претходно денеска, како што јави МИА; во обраќањето на Минхенската безбедносна коференција израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека иранскиот режим претставува најголема светска закана и доколку биде потребно Израел ќе дејствува, не само против неговите сојузници на Блискиот Исток, туку и против самиот Иран.

– Израел нема да дозволи иранскиот режим да ни стави јамка на теророт околу вратот, порача Нетанјаху, држејќи во раката парче од, како што рече, урнатиот ирански дрон во израелскиот воздушен простор.

Во своето прво обраќање на собирот во Минхен, Нетанјаху ги повика американските и европските официјални претставници и дипломати без одлагање да му се спротивстават на Иран, нагласувајќи дека на Блискиот Исток се бележи растечко иранско присуство.

Според израелскиот премиер, додека меѓународната коалиција предводна од САД се бори против џихадистичката група Исламска држава, Иран ја зајакнува својата моќ на теренот.

– Жално е што ИД се повлекува, а Иран се шири, обидувајќи се да воспостави своја трајна империја околу Блискиот Исток, почнувајќи од југот на Јемен и обидувајќи се да создаде копнен мост од Иран до Ирак, Сирија, Либан и Газа, нагласи Нетанјаху. /МИА

Leave a Reply