Францускиот амбасадор Тимоније во посета на Општина Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоније денеска оствари протоколарна посета на Општина Куманово каде се сретна со првиот човек на локалната самоуправа, градоначалникот Зоран Дамјановски.

 

Loading...

dsc_0042

 

На покана на францускиот амбасадор на средбата во кабинетот на Дамјановски присуствуваа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и вицепремиерот на Владата на Република Македонија, Арбр Адеми.

 

dsc_0039

 

На средбата како што беше посочено на прес конференцијата се разговарало за претстојните предвремени парламентарни избори, а амбасадорот бил запознаен и со структурата на  градот.

Протоколарно имаше водено запознавање со структурата на градот, потоа отворивме теми за децентрализацијата, значењето на децентрализацијата во вкупниот развој, економски и развојните програми во локалната заедница и спецификтие и слабостите во самиот процес кој е информиран за сите позитивни и негативни трендови во законите за локалната самоуправа и отворивме теми околу изборниот процес, институциите на системот и нашите идни видувања каде треба да оди Македонија во наредниот период. Такви излагања даде и министерот за внатрешни арботи, имавме нтерактивна дискусија и денес сум посебно среќен што сум побогат за едно ново сознание, каок гледа Франција, како гледа званичната политика на амбасадата на Франција, како с епозиционира Министерството за евроинтеграции, односно вицепремиерот и видувањата на министерството што не очекува во наредниот период до 11 декември каде очекуваме фер, слободни и демократски избори  – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 

Loading...

Амбасадорот Тимоније имал за цел да излезе од главниот град и да се запознае подобро и со останатите делови од државата. Од разговорот кој го имал со двајцата министри и градоначалникот тој зирази желба дека изборните резултати ќе ја вратат земјата  кон патот да стане членка на Европската унија.

Пораката која сакам да ја упатам е дека секако Скопје е главен град, меѓутоа ние сме заинтересирани да следиме што се случува насекаде во секој град. Вашата земја помина тешки моменти, но ние сакавме сепак за време на Самитот за земјите од Западен Балкан кој се случи во месец јули во Париз да покажеме дека вашата иднина е во Европа. Лидерите не четирите политички партии навистина презедоа смел чекор потпишувајќи ги условите од одговорот од Пржино кои создаваат услови за реализирање на избори на 11 декември. Многу е важно изборите да се остварат во најдобри услови и сепак оваа наша посета има одредена симболика, бидејќи меѓу нас е и министерот за внатрешни работи од минситерство кое ќе одигра сепак најважна улога во изборите и ќе набљудува се да се спроведува добро – изјави Кристијан Тимоније, амбасадор на Република Франција.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сметка дека Македонија има капацитет за спроведување фер и демократски избори, а со амбасадорот разговарал и на други теми од суштинско значење за граѓаните на Општина Куманово.

Разговаравме за развојот на Куманово имајќи во предвид дека е регион којшто е запоставен до сега, реигон кој што економски заостанува зад другите региони во Република Македонија и заеднички констатиравме дека треба многу напорна работа да направиме се во иднина паралелно со реформите во државата да помогнеме и на граѓаните на Општина Куманово заради тоа што тоа го заслужвуаат градејќи ги мултиетничките односи во Република Македонија коишто можат да бидат пример овде, токму во Куманово, сметам дека и државата треба да посвети максимално внимание на граѓаните на Кумнаново, на развојот, на овозможување на повеќе работа за младите луѓе, да не ни заминуваат луѓето надвор од градот што е тенденција и во цела Република Македонија и од тој аспект сметам дека имаат и политичка волја и желба на сите овдде присутни да навистина помогнеме заедно со меѓународната заедница – изјави Спасовски.

 

Вицепремиерот од Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми како тема на разговор исто така ја посочи актуелната политичка состојба во земјата, нагласувајќи дека предвремениет избори се од огромно значење за иднината на државата.

Секако наша задача е да покажеме и докажеме дека имаме какапцитет, имаме посветеност да организираме избори кои ги исполнуваат меѓународните стандарди,  избори чиј резулат ќе биде широко прифатен од сите политички партии и од нашите пријатели од меѓународната заедница , избори кои дополнително ќе дадат аргументи дека македонија ја заслужува европската перспектива. Верувам дека сите политички партии,  сите политички чинители,  сите општествени чинители ќе дадат придонес особено во периодот што претстои да продолжиме понатаму со нашиот евроинтегративен процес бидејќи нашето членство во ЕУ е стратешка определба на нашата држава за која нема друга алтернатива и верувам дека сите политички чинители, општествени чинители ќе се однесуваат одговорно и со кредибилитет во периодот што претстои – изјави Адеми.

 

По протоколарната средба и изјавите, амбасадорот на Република Франција се сретна и со ученциите од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ кои посетуваат настава во билингвални паралелки, каде се изучуваат предмети на француски јазик.