Фонд за поддршка за капитални инвестиции во општините, најави Мургашанска (видео)

Сподели со своите пријатели

Фонд за поддршка на капитални инвестиции во општините ќе биде формиран на централно ниво, кој треба да обезбеди рамномерен развој на регионите во државата, најави денеска на прес конференција носителот на листата кандидати за советници од СДСМ во Куманово, Атина Мургашанска.

Со квалитетни и приоритетни проекти ќе се работи за подигање на благосостојбата и развиеноста на сите во североисточниот плански регион на сите општини, па и на Куманово, рече Мургашанска.

– За таа цел на централно ниво ќе основа фонд за поддршка на проектите од општините кој ќе обезбеди сигурни финансиски средства за капитални инфраструктурни проекти. Со тие средства апликациите во европските фондови и директното привлекување на домашниот и странскиот капитал ќе се промени економската и развојната слика на Куманово. Ќе донесеме директна поддршка на домашни и странски фирми а пред се за малите и средните претпријатија. Ќе обезбедиме еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори. Ќе вложиме во младите ќе отвориме бизнис хабови ќе ги здружиме бизнисите во општината и граѓаните се со единствена цел повеќе и подобро платени работни места. Ќе ја вклучиме бизнис заедницата во дефинирањето на економските приоритети со воведување на бизнис форуми како редовна активност во следењето на локалниот и регионалниот рамномерен развој, рече Мургашанска.

Според носителката на листата на СДСМ, активностите на сите се важни, а посветената и одговорна работа ги носи парите директно кај нашите граѓани во општина Куманово.

Loading...