Филип Наковски од Куманово државен првак на ММА превенство за сениори (фото)

Сподели со своите пријатели

Во рамки на натпреварувачката сезона за кик бокс и ММА 2015/2016 во сабота во организација на Кик-бокс  федерацијата на Македонија се одржа државно првенство во кик бокс за сениори во Радишани – Скопје.

За КБК-ММА “Куманово-2006” настапи Филип Наковски во категорија -89 килограми, во дисциплината0 кик-лајт  и  го освои високото прво место, со што стана државен првак во оваа дисциплина.

Тоа е голем успех за нашиот клуб и град и се должи на напорни тренинзи,посветеност во спортот, дисциплина и друго. Јас сум задоволен од резултат и постигнатиот успех и посакувам успех и во иднина и се надевам дека Филип Наковски ќе го повтори успехот од ова првенство, а можеби во иднина ќе учествува и на некое по реномирано балканско или европско првенство – вели Сашо Иливески, тренер на КБК-ММА „Куманово 2006“.

Инаку тој во полуфиналето имаше противник од клубот „Будо-Велес” и во неизвесна и храбра борба го победи и извојува финале во кое се сретна со противник од клубот „Про-кик Скопје” во која беше подобар на технички и тактички план,и го совлада на поени.

Од клубот се заблагодарија на поддршката од сите правни субјекти кои овозможиле учество на оваа манифестација и уште еден успех во локалниот спорт.