Филип Наковски на ММА турнир во Србија

Сподели со своите пријатели

Mинатата недела Милош Велевски член на MMA клуб Куманово 2006 настапуваше во Дизелдорф, Република Германија каде се натпреваруваше против Германецот Руслан Магаев кој го порази во борбата каде Велевски покажа вистинска храброст со оглед на своето прво деби на ваков тип натпреварување.

Во петок борците на тренерот Сашо Илиевски во Врање, Србија каде ќе се одржи ММА турнир под наслов GFC2 (gladiators fighting championsship) борбите ке се одржат во кафези во Hала спортова Врање со почеток од 8 часот. Боите на кумановскио клуб ќе ги брани натпреварувачот Филип Наковски кој ке се бори со Страхиња Миловановиќ член на ПСФ ММА клуб Краљево во категорија -84кг.

Тренерот Илиевски минатиот месец имаше многу раота во поглед на подготовка на своите борци за натпреварувањето, како на технички, така и на тактички и психо-физички план.

Филип е  подготвен за турнирот во Врање и очекуваме победа и добар настап на кој ке го претставиме градот и клубот во добро светло. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите љубители на оваа спортска дисциплина ако се во можност да заминат за Врање за нашиот Филип Наковски да ја добие максималната поддршка.

Натпреварувачи од клубот ММА Куманово 2006 се вистински амбасадори на спортот и достојбо го претставуваат клубот,градот и државата, а по спектакуларниот MMA турнир што се одржа во Kуманово минатата година овој спорт доживува вистинска револуција во градот и државата.