Фејсбук казнет со 100 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Овој пат станува збор за спор во Белгија, а тамошниот суд донел одлука според која Фејсбук е должен да плати парична казна од 250.000 евра дневно (до максималниот износ од 100 милиони евра) поради крешење на приватноста на корисниците.

По неповолната одлука на судот во Германија во врска со крешењето на приватноста на корисниците, Фејсбук изгуби уште еден спор по ист основ.

Фејсбук е должен да ги избрише сите податоци на белгиските корисници собрани преку друга страница.

Сопственикот на компанијата Фејсбук, Марк Зукербер (33) со имот од 71 милијарда долари е еден од најботатите луѓе во светот.

Leave a Reply