Федерер против Димитров за титулата во Ротердам

Сподели со своите пријатели

Рожер Федерер со 2:0 во сетови го совлада Италијанецот Андреас Сепи и се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Ротердам.

Швајцарецот одигра рутински и за 86 минути го совлада 81. тенисер од АТП листата.

Федерер во првиот сет направи дури три брејка и го доби со 6:3. Во вториот сет Сепи пружи добар отпор па победникот беше решен со тај-брејк.

Во борбата за титулата Федерер ќе се соочи со Бугаринот Григор Димитров, кој е петти тенисер во светот.

Димитров се пласираше во финалето откако Давид Гофан го повреди окото при еден обид да го врати топчето на бугарскиот тенисер, па му го предаде полуфиналниот натпревар бидејќи не можеше да продолжи со играње.

Федерер во понеделник повторно ќе се искачи на врвот на АТП листата, а воедно со 36 години ќе биде највозрасен „рекет број еден“ во историјата на тенисот./МИА

Leave a Reply