Facebook воведува драстични промени

Сподели со своите пријатели

Експериментот кој Facebook веќе некое време го тестира со Explore Feed како посебна страница, изгледа дека конечно ќе го добие својот расплет.

Зукерберг наведува дека балансот на News feed се одалечил од она што Facebook го може и сака, а јавните содржини од бизнисите, брендовите и медиумите ги потиснуваат личните моменти кои не поврзуваат со другите луѓе.

– Чувствуваме одговорност да обезбедиме начите услуги да не бидат само забавни за користење, туку и да работат за доброто на луѓето. Едно истражување покажува дека кога ги користиме социјалните мрежи за да се поврземе со оние до кои ни е грижа, тоа може да биде добро за нашата благосостојба. Се чувствуваме поврзани со луѓето и помалку осамени, а тоа во корелација е и со долгорочните чувства на среќа и здравје. Од друга страна, пасивното читање текстови или гледање видео снимки, дури и да се забавни и информативни, можеби не е толку добро, наведува директорот на Facebook.

Facebook и WhatsApp повикани на состанок со европските заштитници на приватноста

Loading...

На овој начин брендовите и медиумите ќе се најдат во тешка ситуација затоа што нивната содржина ќе го намали досегашниот домет. Имено, објавите ќе бидат дозволени само ако има интеркација на нив.

– Со овие промени ќе видиме колку луѓето ќе минат време на Facebook и некои мерки за ангажирање ќе се намалат. Но, очекуват и дека времето кое ќе го минете на Facebook ќе биде повредно. И доколку правиме правилна работа, верувам дека тоа ќе биде добро и за нашата заедница и за нашето работење на подолг рок, наведува тој.