Facebook Messenger воведува нови промени

Сподели со своите пријатели

Facebook Messenger ќе добие реакции и спомнување. Ова е голема вест, која во четврток беше објавена, а во наредните денови се очекува нов апдејт на апликацијата кој ќе биде достапен ширумс ветот.

Ако се прашувате за што станува збор, работата е тоа што, како што веќе на Facebook можете да ги користите реакциите – емотикони исто така ќе можете да го правите и на апликацијата Messenger. Исто така, ќе имате можност да одговорите со „да“ или „не“ емотикони.

Исто така, ќе можете да видите како луѓето реагирале на вашата порака. Тоа известување, заедно со бројот на луѓе кои реагирале, ќе ви се појави во долниот десен агол. Ако Messenger ви е отворен и некој реагира на вашата порака, ќе видиме мала анимација кога ќе посакате да го започнете разговорот. Ако Messenger е затворен, во тој случај ќе добиете нотификација дека некој реагирал на вашата порака.

Ако до сега на Инстаграм и Твитер сте виделе споменување на личности, тоа сега ќе можете и на Messenger . Доволно е со помош на @ да напишете некое име и тогаш во порака ќе добиете дека сте споменати во разговор со некој во оваа апликација и на тој начин ќе ви биде послесно да „скокнете“ во разговор.

 

Loading...