Facebook има уште една новост која нема да им се допадне на многумина

Сподели со своите пријатели

Најновата надградба на Facebook ќе ги разочара сите кои социјалната мрежа ја користат за да следат што се случува со нивните „пријатели“ на мрежата без страв да бидат „фатени на дело“.

Станува збор за најновата надградба на функцијата Stories. Кога ќе погледнете видео или фотографија која некој пријател ја објавил преку опцијата Stories со траење од 24 часа, тој ќе дознае за тоа. На овој начин опцијата Stories ќе функционира на сите платформи кои ги поддржува – Snapchat, Instagram.

Додека алгоритмите на Facebook се доволно паметни за на вашиот News Feed објавуваат информации за луѓето со кои навистина комуницирате, приказната е поинаква кога станува збор за опцијата Stories.

Facebook Stories на некој начин е конкуренција на Snapchat, но значително помалку популарна, а оваа новина тешко ќе помогне за подобрување на рејтингот.