Евгенија Чанчалова влезе во финале на ”Макфест 2015”

Сподели со своите пријатели

На првата полуфинална вечер на 30-тото јубилејно издание на фестивалот за забавна музика „Макфест“ , вчеранавечер беа избрани првите девет финалисти кои ќе настапат во големото финале кое ќе се одржи на 5 јуни во Домот на културата во Штип.

Loading...

Од 15-те изведувачи кои настапија синоќа, понатамошен пласман обезбедија Маја Вукиќевиќ, Евгенија Чанчалова од Куманово со песната ”Миг до вечност”, Огнен Здравковски, Игор Митровиќ, дуетот Јоце Панов и Зуица Лазова, Ѓоко Танески, Александра Кукушева, Виктор Апостоловски и Верица Пандиловска.

Финалистите беа избрани со одлука на стручно жири чии гласови изнесуваа 70 отсто од вкупните поени и 30 отсто од телевоутингот.

Вечерва ќе се одржи  втората полуфинална вечер на која ќе настапат уште 15 изведувачи од кои деветмина ќе влезат во финале, меѓу кои е и Ивона Јовановиќ од Куманово.

Првонаградената композиција ќе добие 10.000 евра, за второто место ќе бидат доделени 7.500 илјади евра, а за третото место наградата е во износ од 5.000 евра.