Евер Банега се враќа во Шпанија

Сподели со своите пријатели

После неуспешна мисија во Италија Аргентинскиот интернационалец одлучи да се врати во редовите на Севиља од како во 2016 година го засили тимот од Сан Сиро.

Тимот од Рамон Санчез Пижуан соопшти дека Банега потпишал договор во кој наредните 3 сезони ке го носи повторно дресот на Севиља.Транферот е вреден 9 милиони евра.

Евер Банега стигна на Сан Сиро како слободен играч во 2016 година и беше назначуван како еден од најбитните играчи во Интер но со времето го изгуби тој статус и успеа да одигра 22 натпревара за првиот тим.

Банега беше поврзуван и со некогашниот тренер сега тренер на ПСЖ Унаи Емери кој има голема почит кон овој аргентински интернационалец но тој трансфер не беше реализиран.

Пишува: Бојан Михајловски