Еве што ќе се случи со вашето тело доколку не се туширате редовно

Сподели со своите пријатели

Освен ако не кампувате во природа, голема е веројатноста дека редовно се туширате и со тоа ја одржувате хигиената. Препораките на стручните лица се дека во топлите месеци најдобро е да се туширате  еднаш дневно, додека во ладните е сосема доволно тоа да го правите еднаш на два дена, заради претераното сушење на кожата.

Меѓутоа, со овие препораки не се сложуваат сите луѓе, па така, некои тврдат дека кожата има своја природна заштита која го чува својот природен сјај.

Повеќе тестови на доброволци покажуваат што би ви се случило на вашето тело доколку не се туширате редовно.

Зошто по капење во базен ви поцрвенуваат очите?

Loading...

Лошите бактерии создаваат дисбаланс

Човечката кожа е прекриена со бактерии, а поголемиот број од нив му помагаат на телото, меѓутоа постојат и т.н. лоши бактери. Туширањето им помага на добрите микроби во борбата со лошите, со што ги намалува шансите за разни инфекции и проблеми со бактериите кои секојдневно ги собираме на разни начини, како јавен превоз, фитнес центри, контакт со други луѓе.

Недоволно туширање и штети на кожата

Доколку кожата не се чисти, на неа се појавуваат маснотии и прашина кои ги затвораат порите и се појавуваат осипи, со што кожата се иритира.

Појава на несакана мирисба

Првиот знак дека не сте се истуширале е појавата на несаканата мирисба. Без разлика дали сте физички активни или не, човечкото тело се поти и на тој начин ги испушта токсините од организмот. Бактериите кои во овие ситуации се помножуваат на кожата производуваат гасови кои ги консумираат протеините и масните киселини, а тоа произведува дури 30 различни мириси, во зависност од исхраната.

Научниците препорачуваат да се туширате се секој ден, но да избегнувате секојдневна употреба на гелови и агресивни средства, а во зимските месеци повремено да се туширате само со вода.