Еве какво време не` очекува оваа недела

Сподели со своите пријатели

Понеделнички неделата ќе ја започнеме со температура која по опис би била помеѓу топло и жешко. Максималната ќе достигне до 37 на југот на повардарие, додека во северниот тек таа би имала вредности околу 33°С. Топло ќе биде и во останатите места со максимална во дијапазонот од 30°С до 33°С.

Loading...

Денот ќе биде претежно сончев. Попладне ќе има мало наоблачување во северниот дел од земајта, но без некои посебни изгледи за врнежи.

Во вторник се очекува мал пад на температурата. Во северниот дел од земјата овој „пад“ ќе биде за околу три целзиусови степени во однос на понеделничката температура, додека во јужниот крај температурата ќе биде пониска за околу еден степен.

Од среда до петок се очекува сончево време.