Ердоган: Уморни сме од чекање за влез во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска во Париз дека е уморен од чекање Европската унија да одлучи дали ќе ја прифати неговата земја како членка, додека неговиот француски колега Емануел Макрон повика да се преиспита односот на Анкара и Брисел.

Ердоган, кој престојува во Прази за да разговара со Макрон во рамките на напорите да се унапреди затегнатиот однос помеѓу турската влад аи Европа, рекол дека Анкара нема да чека засекогаш.

– За жал, направивме први чекори во 1963 година, сега минаа 54 години откако Турција чека во предворјето на ЕУ. Ние сме сериозно уморни, мојата земја, исто така, рекол Ердоган на заедничката прес конференција со макрон.

Од друга страна, Макрон признал дека преговорите за пристапувањето на Турција во Европската унија се во застој, пренесува АП.

Тој смета дека односот помеѓу Европа и Турција треба да биде преиспитан во рамките на формирање партнерсто кое ќе овозможи турскат аиднина да биде изградена со погледи кон Европа и со Европа.

Макрон и Ердоган разговарале и за израелско-палестинскиот конфликт, борбата против теророт и војната во Сирија, а потпишани се повеќе договори и спогодби.

Ергодан пристигнал во париз вчера на разговор со францускиот колега Емануел Макрон, што е негова прва посета во Франција од неуспешниот обид за пуч во Турција во јули 2016 година.