ЕРДОГАН КОНТРА ТРАМП: Турција ќе отвори амбасада во Источен Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата ќе отвори своја амбасада во Источен Ерусалим, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека Ердоган ова го соопштил неколку денови откако на самитот на муслиманските лидери ги предводеше повиците до светот Источен Ерусалим да го признаат како престолнина на Палестина.

– Со божја волја, се ближи денот кога официјално, со божја помош, таму ќе отвориме амбасада, рекол Ердоган.

Ројтерс наведува дека тој во говорот повторил остри критики за одлуката на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Арапскиот парламент, советодавното тело на Арапската лига, минатата недела ги повика на одржување вонреден самит на арапските земји, на кој би се расправало за одлуката која американскиот претседател Доналд Трамп ја донесе на 6 декември.