Ердоган: Ќе ја прочистиме границата од сириските курди

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган критикуваше група сириски Курди, кои го поддржуваат САД и најави дека границата со Сирија ќе ја прочисти од „терористите“.

Ердоган на собирот во провинцијата Караман рекол дека неговата земја нема да дозволи „гнездо на тероризам“ во близина на својата граница, алудирајќи на областа кој е под контрола на Народната заштитна единица (YPG) на северот од Сирија, пренесува АП.

ЕРДОГАН КОНТРА ТРАМП: Турција ќе отвори амбасада во Источен Ерусалим

Loading...

Турција смета дека YPG со продолжеток на бунтовниците е во своите граници, а во август 2016 година е започната операција за да проичисти дел од својата граница од нив и Исламската држава.

Ердоган објави продолжена листа на области кои треба да бида прочистени, пренесува АП.

– Ќе ја прочистиме Африн од терористите, ќе го прочистиме Манбиџ од терористите, Тел Абјад, Рас ал-ајн и Камшили, рекол Ердоган.