Ердоан Хасан нов командант на касарната „Боро Менков“

Сподели со своите пријатели

Ердоан Хасан е новиот командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон, а воедно командант на касарната „Боро Менков“ кој денеска на свечена воена церемонија ја презеде должноста од неговиот претходник Лулзим нуредини.

На свеченоста присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Зоран Милески, заменик командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, како  и преставници од државна управа, јавните установи и служби, преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.

Со свои говори се обратија  командантот на 1.мпбр бригаден генерал  Мирче Ѓоргоски кој кој меѓудругото истакна дека Првиот механизиран пешадиски баталјон има долга традиција достојна за почит, традиција каква има малку која друга единица од составот на Првата механизирана пешадиска бригада. Досегашниот командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон, потполковник Лулзим Нуредини  се заблагодари на единицата за укажаната поддршка во текот на неговото командување со единицата.

Новиот командант потполковник Ердоан Хасан истакна дека сите ние кои денеска стоиме гордо во строј, сме дале свечена обврска дека со целото свое битие ќе ги браниме државните интереси на Република Македонија.

На крајот од воената церемонија следуваше  примопредавање на военото знаме на баталјонот со што се изврши и официјално примопредавање  на должноста.

фото: архива

Loading...