Елитата пристигнува во Алпите: Еве како изгледа Давос (фото)

Сподели со своите пријатели

Во Швајцарија вчера започна Светскиот економски форум, на кој над 3.000 светски лидери најбогати бизнисмени ќе расправаат за намалувањето на јазот помеѓу богатите и сиромашните.

 

Loading...

 

Вооружени чувари се наоѓаат на секој чекор, а репортерире јавуваат дека дури и да сте акредитирани, мора да минете низ сложена безбедносна процедура за да влезете во комплексот.

 

 

Она што, исто така е впечатливо, е што снего го завеа Давос па работниците со полна пареа ги чистат улиците и крововите.

 

Loading...

 

Голем број делегати имале проблеми да стигнат до скијалиштето во Алпите. Една од главните железнички линии која води до градот е прекриена со снег, принудувајќи ги патниците да се префрлат во автобусит. Неколку состаноци кои се закажни пред почетокот на форумот беа одложени или откажани.

 

 

Организаторите се надеваат дека сообраќајот ќе се врати во нормала додека не дојдат долгоочекуваните гости како американскиот претседател Доналд Трамп.

 

 

Со оглед дека има многу снег, опасност од лавини се уште постои.

 

Loading...

 

Организаторите го искористиле снегот за да ги забранат и протестите. Властите во швајцарскиот зимски центар Давос одбиле барање од левичарските групи за одржување на протест за време на Светскиот економски форму поради обилни снежни врнежи.

 

 

– Поради огромните количини нов снег и екстремен недостаток на простор, нема да биде дозволено одржување протести во наредните денови, се наведува во соопштението на властите од Давос.

 

 

Loading...

Пред самиот почеток на состанокот, хуманитарната организација „Оксфам“ објави поразителен извештај во кој се наведува дека имотот на 42 најбогати светски милијардери е колку и на 3,7 милијарди најсиромашни жители на планетата заедно.